Top Sport

Тенискиот клуб во Марбелја му се извини на Ѓоковиќ

Тенискиот клуб во Марбелја, Шпанија, каде што Новак Ѓоковиќ се врати на тренинзи, прекршувајќи ги правилата за карантин во оваа земја, потврди дека дозволил светскиот рекет број 1 да тренира таму, извинувајќи му се за конфузијата која настана.

Ѓоковиќ во понеделникот објави видео на Инстаграм во кое тренира на терените на тенискиот клуб „Пуенте Романо“ во првиот ден од дозволениот индивидуален тренинг за спортистите во Шпанија. Меѓутоа, шпанската тениска федерација преку соопштение објави дека тенисерите не смеат да се вратат на терените до 11 мај и дека им се дозволени само индивидуални тренинзи надвор.

„Ние разбравме дека професионалните спортисти смеат да тренираат и му дозволивме на господинот Ѓоковиќ да ги користи нашите терени. По консултацијата со федерацијата, јасно е дека треба да се почека до 11 мај за враќање на тренинг во тенискиот клуб. Жалиме што нашето погрешно толкување на правилата му предизвика непријатности на Ѓоковиќ“, се вели во соопштението на клубот.

Ѓоковиќ ги прекршил правилата, се соочува со казна (Видео)

Scroll to Top