Шампионката од Вимблдон, Романката Симона Халеп, својот настап на Ју-Ес опен го заврши во второто коло. За сензација, на големо задоволство на публиката, се погрижи домашната натпреварувачка Тејлор Таунсенд.
Халеп, четврта носителка на турнирот, го заврши својот настап по 126 минути игра. Американката Таусенд победи во три сета 2:6, 6:3, 7:6. Инаку Таусенд низ квалификациите избори пласман на турнирот.
Победата над Халеп е нејзин прв триумф над некоја од тенисерките од Топ 10, откако претходно ги загубила сите десет мечеви.
Во третото коло Таусенд ќе игра против уште една Романка, Сорана Кирстеа.