Холанѓанецот Мајк Тојнисен ја заддржа жолтата маичка и по втората етапа на Тур де Франс, откако неговиот Џамбо-Висна тим триумфираше на 27.6 километри долгата трка на хронометар на улиците на Брисел.
Фаворити за победа беа Тим Инеос, со актуелниот шампион Герант Томас, и тие имаа најдобро време пред да стартува Џамбо-Висна, последниот тим, и тие стигнаа до време од 28:58, за 20 секунди побргу од времето на британскиот тим. Третото место го освои Деусенинк-Квик Степ.
Тимот на Џамбо-Висма беше предводен од германскиот шампион Тони Мартин и од Белгиецот Вут ван Ерт за да постават најдобро време на сите мерни точки на етапата. Тојнисен сега има 10 секунди предност пред четирите велосипедисти од неговиот тим – Ван Ерт, Мартин, Џорџ Бенет и Стевен Крајсвајк. Томас и Еган Бернал од Тим Инеос заостануваат 30 секунди.
? @JumboVismaRoad do indeed finish in top spot! The team with the Yellow Jersey finish with a very strong 28’57”.
? Meilleur temps pour @JumboVismaRoad ! L’équipe du #MaillotJauneLCL termine un énorme contre-la-montre en 28’57” !#TDF2019 pic.twitter.com/iaWe7skGNF— Tour de France™ (@LeTour) July 7, 2019