Холанѓанецот Дилан Греневеген е победник на најдолгата етапа на Тур де Франс, откако во спринтерски финиш го совлада Австралиецот Кејлеб Јуан за триумф на седмата етапа.
Греневеген (Џамбо-Висма) имаше незгоден пад на првиот ден на 106. издание на Тур де Франс, но остана во игра и сега триумфираше по четврти пат во својата кариера. Тој излета зад своите ривали во хаотичното финале на 203 километри долгата етапа, за да ги помине Елија Вивијани и Петер Саган, за во финишот да го остави Јуан зад него. Саган заврши како трет за да го зголеми водството во пласман за зелената маичка.
„Селпгаѓ е тесно против Кејлеб и затоа сум презадоволен од оваа победа. Првиот ден паднав навистина лошо и следните денови беше многу тешко, но сега се чувствував одлично и знаев дека можам да нападнам“, изјави Греневеген.
Италијанецот Џулио Чиконе (Трек-Сегафредо) останува лидер и носител на белата маичка како најдобар млад велосипедист, откако 24-годишниот дебитант на Тур де Фран заврши во главната група и остана со шест секунди предност пред Французинот Жулиен Алафилип.
? @GroenewegenD claims the win ! ?
⏪ What a sprint ! We definitely have to take a close look back at this last kilometre !
? VICTOIRE de Dylan Groenewegen ! ?
⏪ Quel sprint ! Il faut revoir cet incroyable dernier kilomètre ! #TDF2019 pic.twitter.com/fu0txmmqOJ
— Tour de France™ (@LeTour) July 12, 2019