Top Sport

ТдФ: Импи со прва победа на Денот на Бастилја

Јужноафриканецот Дарил Импи стигна до својата прва етапна победа на Тур де Франс, откако во спринтерски финиш го победи Тиесј Бенот во борба на двајца велосипедисти на националниот празник на Франција, Денот на Бастилја.

Двајцата велосипедисти се одвоија на последното искачување на 170 километри долгата етапа од Сент-Етјен до Бриуд, и Импи беше посилен во финишот за прва индивидуална победа, откако во 2013 година година беше дел од тимот на Орика-Грин Еџ, кој победи во тимската трка на хронометар и следниот ден ја носеше жолтата маичка.

Етапата беше совршена за обид за „бегство“, и група од 15 велосипедисти се одвоија и направија предност од речиси 15 минути. Николас Роуч предводеше обид за „бегање“ на седум велосипедисти на искачувањето Кот де Сен-Жуст, а Бенот и Импи се одвоија на последното искачување.

Пред првиот ден одмор на Тур де Франс, Жулиен Алафилип ја заддржа жолтата маичка, со 23 секунди пред Италијанецот Џулио Чиконе и 53 секунди пред францускиот сонародник Тибо Пино.

Scroll to Top