Top Sport

ТдФ: Кемна со 16-тата етапа, Роглич го заштити водството пред клучната етапа

Германецот Ленард Кемна (Бора-Хансгрое) ја покажа својата сила со соло победа на 16. етапа на Тур де Франс за своја прва победа на големите трки, откако успеа да го остави зад себе Еквадорецот Рикард Карапаз.

Точно еден месец о по неговата прва професионална победа во кариерата на Критериум Дофин, Кемна успеа да се одвои со голема група од 23 велосипедисти на Веркрос Масиф, за да победи со 1:27 пред Карапаз, додека Швајцарецот Себастиен Рајхенбах беше трет.

Во борбата за титулата во генерален пласман, Словенецот Примож Роглич (Џамбо-Висма) ја одбрани својата предност од сонародникот Тадеј Погачар (УАЕ Тим Емирати), откако тој нападна на последното искачување до Вијар де Лан, но на крајот заедно влегоа на целта во групата која заостануваше огромни 17 минути.

Роглич останува со 40 секунди предност пред Погачар пред утрешната „кралска“ етапа на Алпите, каде што може да се реши победникот.

Scroll to Top