Марк Хирши по двата порази во втората и деветтата етапа, конечно, стигна до етапна победа на Тур де Франс со фантастичен соло напад на 12. етапа на Трката околу Франција во должина од 218 километри од Шовињи до Саран Корез.
22-годишниот Швајцарец ја искористи фантастичната работа на неговиот тим, Санвеб, за да стане првиот швајцарски победник на Тур де Франс по Фабијан Канселара во 2012 година. Тој ги искористи нападите на колегите Сорен Краг Андерсен и Тиесј Бенот за да се одвои на четвртото искачување на денот на 28 километри пред крајот. Хирши заврши 47 секунди пред францускиот ветеран Пјер Ролан, а Краг Андерсен беше трет.
Во борба за лидерската жолта маичка немаше промени – Словенецот Примож Роглич остана 21 секунди пред актуелниот шампион, Колумбиецот Еган Бернал пред утрешниот планински финиш во Масиф Сентрал.
? Take a look back at the final kilometre in Sarran and ?? @MarcHirschi‘s maiden Tour de France victory!
? Retrouvez le dernier kilomètre de l’arrivée à Sarran avec la toute première victoire sur le Tour de France de ?? @MarcHirschi.#TDF2020 pic.twitter.com/zFQkOhqO05
— Tour de France™ (@LeTour) September 10, 2020