Top Sport

Тенисери се тепаа во Орлеан

На АТП турнирот во Орлеан дошло до тепачка меѓу локалниот тенисер Корентин Муте и Бугаринот Адријан Андреев кога го завршиле мечот и се доближиле до мрежата за да се „поздрават“.

Бугаринот по пресвртот триумфираше со 2:1 (2:6, 7:6, 7:6), а поразот во два тај-брејка францускиот тенисер тешко го поднесе.

При приближувањето до мрежата, двајцата прво си подале рака еден кон друг, а потоа влегле во пресметка.

Судијата интервенираше и ги раздвои тенисерите, кои веќе беа подготвени да го користат рекетот за други цели освен за удирање на топчето.

На крајот само си размениле неколку, веројатно тешки зборови.

Scroll to Top