Дејвис куп репрезентацијата на Македонија со победа стартуваше на турнирот во третата европска зона. Во средата, Македонија го победи Исланд со 2:1.
Победата над Исланѓаните, македонските тенисери ја обезбедија уште по сингл мечевите. Најпрвин Горазд Србљак го совлада Егил Сигурдсон 6:0, 6:2, а потоа Димитар Грабул го победи Баркир Гунарсон 6:2, 6:3.
Исланѓаните го добија потоа мечот во двојки, кој беше само формалност. Магнусон и Сигурдсон со 6:4, 7:5 ја совладаа македонската комбинација Јанкуловски и Мицов.
Утре Македонија за противник ќе ја има селекцијата на Албанија.