Top Sport

Тенисерките доминираат на листата на најбогати спортистки

Првите 11 места на листата на спортистки кои најмногу заработиле минатата година според магазинот „Форбс“ го држат тенисерки, предводени од ветеранката Серена Вилијамс.

37-годишната Вилијамс, која е 23-кратна гренд слем шампионка, заработила 29.2 милиони долари, од кои 25 милиони долари од реклами и е на првото место, пред Јапонката Наоми Осака со 24.3 милиони долари.  Вилијамс исто така е единствената спортистка на топ 100 листата на „Форбс“, на 63. место.

По нив следуваат уште девет тенисерки – Анџелике Кербер (11.8), Симона Халеп (10.2), Слоун Стивенс (9.6), Каролине Вознијацки (7.5), Марија Шарапова (7), Каролина Плишкова (6.3), Елина Свитолина (6.1), Венус Вилијамс (5.9) и Гарбиње Мугуруза (5.9), пред на 12. место да е американската фудбалерка Алекс Морган со 5.8 милиони долари.

Во топ 15 се и ПВ Синду, индиската бадминтон-ѕвезда (5.5 милиони долари), уште една тенисерка Медисон Киз (5.5 милиони долари) и 23-годишната тајландска голферка Арија Џутанугарн (5.3 милиони долари).

Scroll to Top