Женската тениска репрезентација на Македонија по триумфот во последното коло над Јужна Африка со 2:1 успеа да се пласира во полуфиналето на Били Џин Кинг купот и утре против репрезентацијата на Косово ќе игра за место во финалето и борба за промоција во повисок ранг на натпреварувањето.
Во првиот дуел во поединечна конкуренција Магдалена Стоилковска во два сета со 6-2, 6-0 беше совладана од Хајке Јансе Ван Вурен, а потоа нашиот прв рекет Лина Ѓорчевска со идентичен резултат триумфираше над Шанел Симодс.
Победникот во овој меч го решаваше играта во двојки каде Ѓорчевска и Стоилковска со пресврт стигнаа до победа и триумф за Македонија.
Првиот сет им припадна на тенисерките од Јужна Африка, Илајз Хатинг и Шанел Симонс откако славеа со 6-3. Во продолжението македонските тенисерки бодрени од публика двата сета ги решија во своја полза со 6-3 и 6-3.
Фото: Игор Паневски