Top Sport

Тениска романтика! Монфис и Свитолина се свршија

Светот на тенисот носи уште една љубовна приказна, откако францускиот тенисер Гаел Монфис и украинската тенисерка Елина Свитолина во саботата потврдија дека се свршени.

„Таа кажа ДА! Мадам Монфис“, напиша Французинот на социјалните мрежи со прстенот на Свитолина.

„Да, почеток на нашето засекогаш“, додаде Украинката.

Монфис и Свитолина се двојка од 2019 година година, и станаа фаворити на тениските фанови на социјалните мрежи преку нивната зедничка Инстаграм страница.

Scroll to Top