Новата украинска тениска ѕвезда, 19-годишната Дајана Јастремска паузата на тениската сезона ја искористи да ја сними својата прва соло трака, покажувајќи дека освен со рекетот ја бива и со римите.
Светската тенисерка број 25 се пофали со својата песна оваа недела, добивајќи над 60.000 прегледи на Инстаграм и Јутјуб за песната во која таа на руски јазик рапува за опоравувањето од лоша врска.
„Понекогаш мислиме дека нема да ја поминеме линијата кон непознатото. Веруваме дека немаме доволно капацитет, моќ или поддршка од најблиските. Кога помислив на ова, знаев дека имам песна“, изјави носителката на три ВТА титули.
Јастремска, девојката од Одеса на брегот на Црното Море, минатата година освои ВТА титули, а остана запомнета и по солзите по пораот од Серена Вилијамс во четвртото коло на Австралија опен.