Top Sport

„Тенисот на Федерер е како балте, на Надал како бокс, а на Ѓоковиќ е како бокс и балет“

Со освојувањето на 24. Грен слем титула, Новак Ѓоковиќ стана најтрофејниот тенисер во историјата, кога станува збиор за четирите најголеми турнири. Србинот е поуспешен во се од најголемите ривали Надал и Федерер.

Ѓоковиќ води пред Надал и Федерер, според бројот на најпрестижните освоени турнири, меѓусебните дуели, бројот на недели на врвот на АТП листата и односот победи-порази против топ 10 противници.

Сепак, споредбите меѓу членовите на големата тројка се уште се актуелни, а една од нив понуди легендарниот тениски тренер, Американецот Рик Мачи:

„Федерер направи тенисот да изгледа како балет, Надал како бокс, а Ѓоковиќ го направи да изгледа како бокс и балет“.

Мачи е многу познато име во светот на тенисот. Тој беше тренер на сестрите Вилијамс, Енди Родик, Марија Шарапова, Џенифер Капријати, Анастасија Мишкина. Учествувал во освојување на 86 Грен слем титули и осум олимписки златни медали.

Scroll to Top