Top Sport

Тентоглу во последната серија скокна до златниот медал

Милтијадос Тентоглу од Грција, изненадувачки, го освои златниот медал во скок во далечина, на Олимписките игри во Токио.

Гркот во последната серија скокна 8,41 метри. Ист резултат забележа и Кубанецот Хуан Мигел Ечеверија. Златото му припадна на Тентоглу поради подобрите серии (8,11 метри, 8,10 метри, 8,15 метри).

Кубанецот Ечеврија и неговиот сонародник Мајкел Масо, немаа среќа во финалето. Двајцата се повредија, поради што Ечеверија не скокна во последните две серии, додека Масо на залетиштето се појави само два пати.

Масо во првата серија скокна 8,21 метар, во втората 8,05 метри.

Scroll to Top