Top Sport

Тешка повреда на олимписката шампионка во спринт

Елејн Томпсон Хера, петкратна олимписка шампионка во спринт, ја повреди Ахиловата тетива на митингот во Њујорк.

Сеуште не е позната тежината на повредата, но постои можност брилијантната атлетичарка од Јамајка да ги пропушти Олимписките игри во Париз.

Во Њујорк, таа истрча скромни 11,49 минути, беше деветта и на крајот беше изнесена од теренот на носилки.

Томпсон беше олимписка шампионка на 100 и 200 метри во Рио во 2016 година, а истиот успех го повтори и во Токио во 2021 година. Во главниот град на Јапонија беше најбрза со штафетата на Јамајка 4 x 100 метри.

Scroll to Top