Top Sport

Тежок пад на канадска скијачка во Лејк Луис

Канадската репрезентативка во скијање Мари-Мишел Ганон настрада на на официјалниот тренинг во спуст на патеката во Лејк Луис.

Ганон, која осум години се натпреварува во Светскиот куп, од оваа сезона реши да се натпреварува и во спуст, а со цел да ги зголеми своите шанси за освојување медал во комбинација на Зимските олимписки игри кои во февруари наредната година ќе се одржат во Јужна Кореја.

На последниот тренинг во Лејк Луис нејзиното остварување било меѓу најдобрите, но во финишот на трката изгубила контрола и завршила во заштитната мрежа. Иако падот изгледа застрашувачки, Ганон завршила само со повреда на рамото.

Слична повреда Ганон доживеала и во 2014 година кога мора да замине на операција.

Сè уште нема информации дали Канаѓанката ќе може да настапи на Зимските олимписки игри.

Scroll to Top