Top Sport

Тежок пораз на поени за „Русокосата бомба“

Ебани Бриџис, австралиската боксерка која стана хит со нејзиното излегување во долна облека на мерењето пред мечот за ВБА титулата во бантам категорија, загуби на поени од Британката Шенон Куртенеј, која го исполни ветувањето дека своето ќе го каже во рингот.

Мечот во „Копер бокс“ во Лондон, во промоција на Еди Херн, промотерот на Ентони Џошуа, беше вистинска битка во 6 рунди, по кое Куртенеј победи и ја остави Бриџис со опасен оток на окото.

„Што можам да кажам. Не победив, но го оставив срцето во рингот. Последните три рунди не гледав добро, но не сакав да се повлечам. Се надевам дека го направивме тоа што го ветивме и покажавме дека и убавите девојки удираат силно“, напиша Бриџис на Твитер.

Зошто да не? На мерење пред меч во секси долна облека

Scroll to Top