Top Sport

Тежок судар на светскиот првак

Светскиот шампион Џулијан Алафилип доживеа тежок судар на еднодневната трка Лиеж-Бастоњ-Лиеж.

Французинот удрил во дрво и скршил две ребра и се здобил со неколку контузии. Веднаш бил префрлен во болница. Неговата состојба е стабилна, но е задржан во болницата на дополнителни прегледи. Интересно е што на Алафилип ова му е трет пад во оваа сезона, последниот се случи пред 10 дена на трка во Франција.

Се се случило на 62. километар и по инцидентот многу возачи решиле да се откажат од трката. На трката Лиеж-Бастоњ-Лиеж победи 22-годишниот Ремко Ивенпул.

 

Scroll to Top