Top Sport

„Тие тројца се како Марадона, Меси и Роналдо“

Шпанскиот тенисер Фелисијано Лопез зборувал за ерата на „големата тројка“. Тој смета дека долго време нема да се појават тенисери какви се Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Лопез сепак не е сигурен кој од овие тројца ќе заврши како најдориот на сите времиња.

„Веројатно повеќе нема да се случи да видам тенисер што ќе освои толку грен-слем титули како што освоија овие тројца. Без оглед на тоа кој ќе биде прв на крајот Новак, Рафа или Роџер. Еден од нив ќе биде најдобриот на сите времиња, или можеби тоа ќе бидат тројцата“, рекол Лопез.

Надополнил дека во врвниот спорт ретко се случува да се појават тројца врвни играчи, речиси со ист квалитет,

На крајот Лопез ги споредил со тројцата веројатно најдобри фудбалери во историјата Диего Марадона, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Scroll to Top