Top Sport

Вимблдон ќе заработи 114 милиони евра

Вимблдон е откажан и нема да се одржи оваа година. Сепак турнирот и оваа година ќе заработи многу пари.

Организаторите на турнирот пред 17 години завршиле одлична работа кога го осигурале турнирот од можна пандемија.

Во 2003 година вирусот САРС се ширеше по светот, Вимблдон се осигурале од можна пандемија.

Тогаш платиле 1,7 милиони евра како осигурување, а сега ќе добијат 114 милиони евра пишува „Тајмс“.

Дел од овие пари, 23 милиони евра, Тениската асоцијација на Велика Британија ќе издвои како помош за клубовите, судиите, турнирите и помошниот персонал кои во моментов се без работа.

За разлика од Вимблдон, Ролан Гарос и Ју-Ес опен се соочуваат со проблеми, тие не се осигурени и доколку не се одржат ќе останат 250 милиони евра.

Scroll to Top