Top Sport

Тијафо елиминиран од Марожан, Хуркач од Кецмановиќ

Првиот грен слем во сезоната, Австралија опен во второто коло заврши за 16. и 17.носител, Френсис Тијафо и Хуберт Хуркач.

Американецот Тијафо загуби од 59.играч на АТП листата, Унгарецот Фабијан Марожан. По тричасовна битка, Марожан победи во пораз од пет сета со 6:7 (3), 6:4, 3:6, 6:4, 6:1.

Во следното коло Унгарецот ги чека подобриот од годинашната сензација Жоао Фонсека од Бразил и Италијанецот Лоренцо Сонего.

Полјакот Хуркач доживеа тежок пораз од 51. на АТП листата, Миомир Кецмановиќ. Тенисерот од Србија победи за само 108 минути со 3:0 (6:4, 6:4, 6:2).

Следен противник на Кецмановиќ на Австралија опен ќе биде победникот од дуелот меѓу Данецот Холгер Руне и Италијанецот Матео Беретини.

Scroll to Top