Светскиот рекет број 3, Австриецот Доминик Тим вели дека не се двоумел да ја прифати понудата од Новак Ѓоковиќ за настап на „Адрија турнејата“, нарекувајќи го „крал на Србија“ и не му пречи да игра пред илјадници фанови и покрај корона вирусот.
„Кога ми се јави пред три-четири недели, по само пет минути разговор се согласив. Кога тој организира нешто, мора да е големо. Тој е крал на Србија и го заслужи тоа. Сакав да патувам и да се видам со момците“, вели Тим.
Тој го започна настапот на егзибицискиот турнир со победа, откако Дамир Џумхур мораше да се повлече по повредата добиена во првиот поен на мечот.
„Беше одлично да се игра пред публика. Пред мечот се чувствував добро, но подобро Дамир да сопре отколку да се повреди. За среќа имам уште еден меч“, вели Австриецот, кој денеска игра со Григор Димитров.