Рафаел Надал доживеа нов пораз на својата омилена подлога. Шпанецот не успеа да се пласира во финалето на турнирот во Барселона, откако во полу-финалето беше поразен од Доминик Тим.
Австриецот го победи Надал во два сета со 6:4, 6:4. Тим доминираше на овој дуел, што потврдува и податокот дека Шпанецот првите брејк топки ги имаше во последниот гем.
За титулата во Барселона Тим ќе се бори со Русинот Данил Медведев, кој во три сета го победи Јапонецот Кеи Нишикори.