Првиот носител, Австриецот Доминик Тим го „здроби“ Словакот Мартин Клижан со 6:3/6:1 за еден час и седум минути за да ја обезбеди својата трета АТП титула оваа година на Санкт Петербург опен.
Ова беше четврта средба меѓу Тим и Клижан, и 25-годишниот Тим до својот 11. трофеј стигна со првата победа над Словакот, кој е шампион на турнирот од 2012 година.
„Ова е моја прва индорс титула и тоа е фантастично. Бев уморен на крајот на долгата недела, но трофејот навистина ми значи многу. Не можев да изберам подобро место од Санкт Петербург за тоа“, вели Тим, кој вети дека следната година ќе се врати да ја брани титулата.
Жил Симон, пак, по третпат триумфираше на Мозел опен во Мец, откако со 7:6(2)/6:1 го победи светскиот број 166., Матијас Бахингер, кој го играше своето прво АТП финале.
Симон, се врати од 40:0 во псоледниот гем за да избори тај-брејк во првиот сет, пред да доминира во вториот сет, со 76 отсто освоени поени. Ова е трета победа за Симон во Мец по таа во 2010 и 2013 и 14. АТП трофеј.