Top Sport

Тим излета на домашниот турнир во Кицбил

Сезоната на земја за Доминик Тим заврши со катастрофален пораз во четврт-финалето на домашниот Кицбил опен, по што Австриецот ќе може да се подготвува за американската сезона на тврда подлога.

Тим, откако загуби во третото коло во Хамбург, во Кицбил се „сопна“ во второто коло, откако Словакот Мартин Клижан го совлада  со 6:1/1:6/7:5 за час и 58 минути игра. Ова е трета победа на Клижан во трите дуели со Тим – тој беше подобар во Кицбил во 2012 и во Синсинати во 2015 година. Тим, кој изјави дека секоја година сака да игра во Кицбил наместо да игра на Вашингтон опен, сега има само три победи по пласманот во финалето на Ролан Гарос.

Во аут е и вториот носител, Филип Колшрајбер по 6:3/6:4 поразот од Денис Истомин како и четвртиот носител, Холанѓанецот Робин Хасе по 7:6(5)/6:4 поразот од Шпанецот Хауме Мунар, додека осмиот носител, Душан Лајовиќ во српскиот дуел со 6:2/6:4 го победи Денис Новак.

Scroll to Top