Австрискиот тенисер Доминик Тим за „Sports Max” зборуваше за најдобриот светски тениски рекет во моментов, Новак Ѓоковиќ за неговиот неуспех на САД опен. Србинот не успеа да го комплетира календарскиот слем, а не успеа ниту да се одлепи од Надал, односно Федерер.
„Во 2022 година Ѓоковиќ ќе се врати посилен од било кога. По освојувањето на Ролан Гарос сите зборуваа за ОИ, за календарскиот слем, па тој беше под голем притисок. Сум почувствувал и јас таков притисок, само помал и знам како тоа може да се заврши“ рече Тим.
Австриецот не сакаше да издвои ниту еден од „големата тројка“ кога се работи за „ГОАТ“ трката.
„По мое мислење, сите тројца се `ГОАТ`, сите тројца се единствени. Сите тројца се најдобрите на сите времиња и мио ми е што играч со нив. Се надевам дека следната година ќе продолжам да се натпреварувам со нив“ смета тој.