Top Sport

Тим: Не сакав во Белград да испаднам во првото коло

Доминик Тим, требаше да биде една од ѕвездите на АТП турнирот од серијата 250 во Белград. Сепак, Австриецот, неколку дена пред почетокот на турнирот го откажа учеството поради повреда на коленото.

„Доколку дојдев во Белград со болката која ја чувствувам во коленото, сигурно ќе испаднев во првото коло. На тој начин ќе ја продолжев лошата низа, која започна во Дубаи и Доха. Морав да го спречам тоа. Поради тоа мислам дека донесов добра одлука кога решив да останам дома“, рекол Тим.

Австриецот се надева дека од Мастерсот во Мадрид ќе влезе во вистинска форма, која ќе му биде потребна за настап на вториот Гренд слем во сезоната, Ролан Гарос.

Scroll to Top