Top Sport

Тим објасни зошто раскинал со Младеновиќ: Имам време само за тенис

Финалистот на Австралија опен, Доминик Тим при враќањето во татковината Австрија мораше да даде одговор на неколку прашања кои ја интересираа јавноста – бизарната разделба со тренерот Томас Мустер, поразот во финалето во Мелбурн од Новак Ѓоковиќ, и секако, прекинот на врската со француската тенисерка Кристина Младенович.

Барем за последната тема, Австриецот имаше едноставен одговор.

„Да имаш девојка значи да имаш обврска, време и концентрација за тоа. Во моментов не барам партнер и не сум близок до никого. Сигурен сум дека во иднина ќе има некоја девојка која ќе стои и ќе навива за мене“, вели Тим.

Тој исто така зборуваше за прекинот со поранешниот тренер Мустер.

„Се напишаа многу работи за тоа, но беше едноставно – двајцата решивме дека не се согласуваме во вакви односи. Гледавме поинаку на работите и решивме да ја прекинеме соработката. Немаше караници, ниту тепачки“, вели Тим.

Scroll to Top