Top Sport

Џошуа ќе боксува со „Кобрата“ Пулев на стадионот на Тотенхем?

Ентони Џошуа ќе ги брани титулите во тешка категорија против бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулев на стадионот на Тотенхем во Лондон, тврди британскиот „Сан“.

Џошуа ги врати појасите во тешка категорија со победа над Мексиканецот Енди Руиз Јуниор во Саудиска Арабија, но сега Англичанецот има желба за нов домашен спектакл, тврди неговиот агент, Еди Херн.

„Блиску сме до договор, се сретнав со Еј Џеј вчера и иако имавме понуди од Блискиот Исток, Африка, Америка и Турција, тој сака да боксува во Лондон. Веќе беше во ’Медисон сквер гарден’, во Саудиска Арабија, и сега сака дома. Блиску сме до меч во јуни“, вели Херн.

Сите досегашни мечеви на 30-годишниот Џошуа биле во Велика Британија освен двата меча со Енди Руиз Јуниор. Иако многу фанови очекуваа тој да се договори со победникот од дуелот помеѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури, тој прво мора да се соочи со бугарскиот ветеран Пулев како задолжителен предизвикувач за ИБФ трофејот. Пулев го подобри својот скор на 28-1 со победа над Рајдел Букер во последниот меч во ноември.

Scroll to Top