Австриецот Доминик Тим ја освои титулата на турнирот од серијата 500 во Пекинг. Тим во финалето го победи Стефанос Циципас со 3/6, 6/4, 6/1.
Циципас кој вчера со пресврт го доби полу-финалето против Александар Зверев го освои првиот сет иако се соочи со бреј во воведниот гем. Впечатокот беше дека Циципас сигурно оди кон освојувањето на титулата, особено откако стигна до брејк во вториот сет и предност од 2:1. Тим веднаш го врати брејкот, а потоа во десетиот гем со нов брејк го израмни резултатот во сетови на 1:1.
Во третиот сет играта на Циципас се распадна, на теренот играше само Тим, кој експресно стигна до 5:0, а до крајот му препушти еден гем на противникот.
Австриецот ја освои четвртата титула оваа сезона откако претходно победи во Кицбил, Барселона и Индијан Велс.