Top Sport

Тим се откажа од АО

Доминик Тим ќе го пропушти првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен. Одлуката тој ја објавил на социјалните мрежи.

„Здраво. Како што знаете се вратив на рехабилитација во Австрија, по напорните тренинзи [то ги имав во Дубаи. Сега продолжувам со подготoвките за новата сезона. Се чувствувам добро, мојот зглоб е добро, што значи дека можам да тренирам со максимален интензитет. Сепак направивме некои измени во распоредот. Сезоната ќе ја започнам во Јужна Америка, во Кородба во Аргентина. Нема да настапам на Австралија опен“, напишал Тим.

Доминик Тим, поради повредата на зглобот, пропушти голем дел од минатата сезона. Најголем успех во Мелбурн, му е финалето во 2020 година, кога беше поразен во пет сета од Новак Ѓоковиќ.

Scroll to Top