Top Sport

Тим со два тај-брејка го реши Надал, на чекор е до полуфинале во Лондон

Австрискиот тенисер, Доминик Тим помалку изненадувачки славеше победа од 2-0 против вториот светски тенисер во моментов, Рафаел Надал на завршниот Мастерс турнир што се игра во Лондон.

Предмалку, во меч кој траеше два ипол часа, и кој Тим го доби со 7-6 и 7-6 во два тај-брејка, љубителите на „белиот спорт“ во меч од групата „Лондон 2020“ можеа да уживаат во одлична партија која сепак му припадна на помладиот тенисер кој го искористи падот на концентрацијата на фаворитот.

Со овој пораз Надал се одалечи од полуфиналето и можноста да го освои трофејот кој никогаш досега не го донел во своите витрини.

Тим по голема борба го освои првиот сет, со 9-7 во тај-брејкот откако до 6-6 немаше одземања гем на сервис на противникот.

Во вториот сет беше израмнето до 3-3, и тогаш Надал зема сервис на Тим и поведе со 4-3. Сепак предноста ја загуби веќе во наредниот гем, па повторно мораше се да се решава во тај брејк. Тим повторно беше поуспешен и со 7-4 стигна до победа во овој дуел.

И Шпанецот и Австриецот славеа во мечевите од првото коло, Надал беше подобар од Рубљев, а Тим од Циципас.
Доколку вечерва, во мечот кој започнува од 21 часот Циципас слави во дуелот со Рубљев, на тој начин Тим веќе ќе се промовира во полуфиналист, а Надал во дуелот со грчкиот тенисер би одлучувал за вториот полуфиналист од оваа група.

Иако Тим славеше во овој дуел, поенот на мечот е за Надал:

Scroll to Top