Top Sport

Тимофеева освои титула на својот прв ВТА турнир, Хрватска го освои Хопман купот

Руската тинејџерка, Марија Тимофеева ја комплетираше неделата од соништата освојувајќи на титулата од Унгарија опен во Будимпешта со 6:3/3:6/6:0 победа над Катерина Бајндл во својот прв настап на еден ВТА турнир.

19-годишната Тимофеева е на 246. место на ВТА листата и успеа да обезбеди пласман на турнирот иако загуби во последното коло од квалификациите поради повлекување на друга тенисерка, односно беше таканаречен „лаки лузер“.

„Ова е ново за мене, како да сум во некој сон, бидејќи вообичаено нема да бидам на вакви турнири. Но, и тоа се случи. Не знам што да кажам“, изјави Тимофеева.

Хрватска пак, го освои Хопман купот во Ница, Франција, откако Дона Векиќ и Борна Чориќ обезбедија сингл-победи потив Швајцарија за недостижна предност. Векиќ со 6:3/6:4 ја совлада Селин Неф, пред Чориќ со 6:1/6:4 да го „збрише“ Леандро Ридл. Ова е втора титула за Хрватска по таа на Ива Мајоли и Горан Иванишевиќ во 1996 година.

Хопман купот од 1989 до 2019 година се одржуваше во Перт, Австралија на почетокот на тениската сезона, а ова беше прво издание кое се играше во Европа.

Scroll to Top