Top Sport

Тимот Скај се распаѓа?

Иднината на најдобриот тим во светот на велосипедизмот „Sky“ е под голем знак прашалник, откако од телевизијата најавиле дека целосно ќе се повлечат од велосипедизмот на крајот од 2019 година. Овој тим е основан во 2010 година и до денес неговите возачи имаат забележано 322 победи.

Од медиумската мрежа на претседателот на тимот, Дејвид Брејсфорд, минатата недела му ја соопштиле одлуката, дека „Sky“, ќе го повлече спонзорството. Според медиумите Брејсфорд бил шокиран.

Вчера лошата вест им била соопштена и на возачите. Меѓу нив бил и четирикрартниот победник на престижната трка околу Франција, Крис Фрум.

Како што е соопштено, нaмарите на „Sky“, биле да најдат нов спонзор, кој би го преземал тимов во 2020 година, но неизвесно е дали ќе има понуди.

Покрај сите успеси што тим ги оствари во изминатата деценија, ќе остане забележано е и дека „Sky“, во октомври 2016 година бил под истрага на анти-допинг агенцијата на Обединетото Кралство.

Телевизијата во овој тим има вложено преку 150 милиони фунти.

По завршувањето на 2019 година покрај медиумската мрежа „Sky“, од тимот ќе се повлече и малцинскиот сопственик „21 st Century Fox“.

Scroll to Top