Top Sport

Тинејџерка од Намибија го сруши светскиот рекорд на 400 метри

Срушен е еден од најстарите атлетски светски рекорди.

17-годишната атлетичарка од Намибија – Кристин Мбума е светска рекордерка на 400 метри со резултат 49.24. Таа го сруши рекордот на легендарната Грит Броер од 1991 година. Германката тогаш како 19-годишна на Светскиот шампионат во Токио 400 метри истрча за 49.42 секунди.

Колку луда трка се одржа во Лусака покажува фактот што уште една Намибијка истрча со време под 50 секунди, поточно 49.53. Се работи за Беатрис Масалинго.

Олеснителна околност за двете натпреварувачки е тоа што натпреварувањето се одржа во Лусака, на надморска висина од 1.279 метри.

Scroll to Top