Top Sport

Лалана за „Марка“: Во финалето на ЛШ во 2008-ма бев како зајак под рефлектори

Актуелниот фудбалер на премиерлигашот Брајтон – Адам Лалана раскажа како се чувствувал во текот на финалниот меч од Лигата на шампионите што неговиот поранешен клуб Ливерпул го играше во 2018 година во Киев, против Реал Мадрид.

Лалана за „Марка“ раскажа дека откако влегол во игра, по повредата на Салах од страна на Рамос, никако не успевал да го пронајде своето место на теренот, едноставно не бил подготвен да игра.

„Ми беше многу страв, имав ужасна година поради повредата, само што се опоравив, имав одиграно само 15-тина минути во ПЛ, не бев во форма. Никому не можев да му пријдам, да се доближам, посебно не на Лука Модриќ. Само трчав по теренот. Се чувствував како зајак кон кој се вперени сите рефлектори. Ако сте играле фудбал знаете дека ништо не е полошо кога ќе ве стават во игра по 20 или 25 минути од почетокот на мечот. Доцнев во сите дуели, се задушив на теренот. Не стигнав да бидам возбуден дека играм финале на ЛШ, само внимавав да не бидам виновен за некој гол“ рече Лалана.

AnimeDao kissanime animedao: Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 3

GoGoAnime steins gate gogoanime: High-Rise Invasion Episode 12

Scroll to Top