Лејла Фердандес и Ема Радукану ќе се борат за титулата на последниот гренд слем во сезоната, Ју-ес опен. Прв пат во историјата, тенисерка која турнирот го започна во квалификациите, влезе во финалето, тоа и успеа на Британската, Радукану.
Лејка Фернадес од Канада, по голема борба, успеа да ја победи втората носителка, Арина Сабаленка со 7/6, 4/6, 6/4.
73.тенисерка на ВТА листата, на патот до финалето, победи две поранешни гренд слем шампионки, Наоми Осака и Анжелик Кербер, а пред Сабаленка успеа да ја елиминира и петтата во светот, Елина Свитолина.
Уште поголем успех направи Радукану. Британката која се наоѓа на 150.место на ВТА листата, се уште нема загубено сет на турнирот.
Во полу-финалето, таа убедливо ја порази Марија Сакари со 6/1, 6/4.
Финалето, во кое ќе играат 19-годишната Фернадес и една година помладата Радукану, на програмата ќе биде во сабота.