Јанко Типсаревиќ синоќа во Стокхолм го одигра својот последен турнир во кариерата. Во четврт-финалето Типсаревиќ по епска борба загуби од Јапонецот Јучи Сугита 2/6, 6/4, 7/6. Српскиот тенисер пред да го положи рекетот успеа да спаси девет меч топки.
Типсаревиќ во кариерата освоил четири турнири, имал можност да игра и на завршниот Мастерс, а најдобра пласман во кариерата му е деветтото место на АТП листата.
По поразот од Сугита доби овации од публиката, а потоа имаше емотивно обраќање.
„Да можев да бирам како ќе ја завршам кариерата, тоа ќе беше вака. Да оставам сè од себе на теренот. До крајот на животот ќе се сеќавам на овој момент“, рекол Типсаревиќ.
Во негова чест организаторите на турнирот во Стокхолм емитуваа видео со најзначајните моменти од неговата 16 годишна кариера.
„Гледам дека се обидувате да ме расплачете и тоа ви успева. Се чувствувам среќно, гордо, тажно, измешани ми се емоциите. Сега сум тажен, но се радувам на наредното поглавје во мојот живот. АТП турнирите беа значаен дел од мојот живот, ќе бидат голем дел и од мојата иднина, ќе останам поврзан со овој прекрасен спорт“, рекол низ солзи 35 годишниот Типсаревиќ.
Официјално кариерата Типсаревиќ ќе ја заврши во ноември, кога како дел од репрезентацијата на Србија која ќе се натпреварува на Дејвис купот.
"I will remember this moment for the rest of my life." ❤
Well played, @TipsarevicJanko ?pic.twitter.com/RwgRvt4b4N
— ATP Tour (@atptour) October 18, 2019