Полската тенисерка Ига Свјонтек (20) попладнево ја освои титулата на Мастерс турнирот во Рим. Младата тенисерка која е 15-та на ВТА листата буквално и одржа час по тенис на чешката тенисерка Каролина Плишкова (29) која е 6 позиција подобрапласирана од неа.
На двапати со 6-0 Свјонтек за само 48 минути на теренот во Рим стигна до трофејот.
Сервисот функционираше маестрално кај полската тенисерка, па Плишкова не можеше да парира на одличната партија на противничката на ВТА 1000 турнирот во главниот италијански град.