Светската тенисерка број 1, Симона Халеп ја започна новата сезона со титула, откако ја совлада Катерина Синијакова во три сет за трофеј од Шенжен опен во Кина.
Романката победи со 6:1/2:6/6:0 против актуелната шампионка од турнирот во 72 минути во кои имаше многу пресврти. Халеп го има гарантирано првото место на ВТА-листата и првото носителско место на Австралија опен, првиот гренд слем, кој почнува во Мелбурн на 15 јануари.
Французинот Жил Симон пак, ја комплетираше одличната недела со 7:6(4)/6:2 победа над Јужноафриканецот Кевин Андерсон за да ја освои титулата од Тата опен во Пуне, Индија. Французинот на патот до титулата го елиминираше и првиот носител Марин Чилиќ.