Top Sport

Толку силно го нокаутираа, што кога се разбуди славеше како да победил (видео)

Шпанскиот кик-боксер Хозе Марија Кеведо беше толку збунет откако беше нокаутиран во рингот, што кога стана мислеше дека победил и ја славеше победата.

Французинот Хаким Кетаиб го „патосираше“ Кеведо во втората рунда од нивниот меч во Сен-Рафаел, по што Шпанецот остана долу неколку секунди пред да ја врати свеста. Очигледно зашеметен, тој си замина од рингот со кренати раце, верувајќи дека го добил мечот.

Тој бргу беше вратен назад во рингот, каде што продолжи да парадира како да победил.

Scroll to Top