Иконата на НФЛ и американскиот спорт Том Брејди по 20 години и освоени шест титули реши да ги напушти Њу Ингланд Петриотс. Пет месеци пред да го прослави 43 роденден тој реши кариерата да ја продолжи во Тампа Беј Баканирс.
Не се познати детали од договорот, а американските медиуми шпекулираат дека тој добил 30 милиони долари по сезона, односно осум милиони долари повеќе од она што го заработи во својата последна сезонакако играч на Петриотс.
Парите и тренерот Брус Еријанс влијаеле врз оваа одлука на Бредли. Еријанс е познат како тренер кој знае како да им ја продолжи кариерата на квотербековите. Брејди совршено со вклопува во тој профил.
Том Брејд е драфтуван во 200 година како 199 пик во шестата рунда на драфтот.
Шест пати бил шампион со Петриотс, четири пати бил МВП на Супербоулот, три пати бил МВП на сезоната.
Тампа Беј Баканирс последен пат биле шампиони во 2003 година, а од 2008 годиа немаат учество во плеј-офот.