Top Sport

Томиќ заразен играл во квалификациите за АО

Контраверзниот австралиски тенисер, Бернард Томиќ, предизвика голем скандал во Мелбурн.

Томиќ, во текот на мечот со Роман Сафијулин, во квалификациите за Австралија опен, тој рекол дека е заразен со коронавирусот поради што не се чувствува добро.

Во вториот сет, на прашањето од судијата дали се чувствува добро, Томиќ одговорил не и потоа шокирал со одговорот.

„Мислам дека имам коронавирус, тврдам дека во наредните два дена ќе бидам позитивен. Ве уверувам во тоа. Видете, доколку не бидам позитивен во наредните три дена ќе ве честам вечера. Во спротивно ти честиш“, рекол Томиќ и продолжил да игра.

Веднаш по завршувањето на мечот, Томиќ, заминал во хотелска изолација. Инаку, Томиќ не успеа да го мине првото коло, го загуби мечот со 1/6, 4/6.

Scroll to Top