Top Sport

Томсон Хера го има најбрзото време во спринт оваа сезона

Елејн Томпсон Хера, на митингот во Калифорнија, го постави најдоброто време оваа сезона на 100 метри.

Атлетичарката од Јамајка, во полуфиналето на 100 метри, истрча 10,89 секунди. Во Калифорнија, Томпсон Хера прв пат сезонава трчаше на отворено.

Томпсон Хера, не се појави во финалето на митингот во Калифорнија. Нејзиното отсуство го искористи Американката Тваниша Тери. Таа забележа време 10,77 секунди, но со недозволена помош од ветарот.

Scroll to Top