Долгогодишниот тренер на Рафа Надал, неговиот чичко Тони, изјавил дека уште во 2005 година предвидел дека Новак Ѓоковиќ ќе биде еден од најдобрите тенисери во историјата.
Ѓоковиќ денес е се бори за титулата на Вимблдон, откако во полу-финалето по шет часа и 15 минути го победи Надал. Според многумина полу-финалната пресметка на Србинот и Шпанецот е еден од најдобрите мечеви во историјата на Вимблдон.
„Прв пат го видов Новак на Вимблдон во 2005 година. Се движев низ тренинг центарот и застанав на неколку минути да погледнам со кого игра Хуан Монако на теренот број 18. Гледав неколку минути и потоа се распрашав кој е ривалот на Монако. Кога стигнав до соблекувалната на својот внук му реков дека имаме проблем, бидејќи никогаш не сум видел толку добар тенисер. Уште тогаш беше јасно дека Новак ќе биде еден од оние што ќе обележат историјата“, рекол Тни Надал.
Новак денес против Кевин Андерсон ќе се бори за својот 13.гренд слем трофеј во кариерата.