Како што се ближи крајот на 2023 година, порталот Спортико ја објави листата на десетте најплатени спортистки на годината.
Сосема очекувано, на ова рангирање доминира еден спорт.
Според новинарот Курт Баденхаузен, за прв пат по две децении на чело нема да бидат ниту Серена Вилијамс, ниту Марија Шарапова, ниту Наоми Осака. Сепак, првото место сепак и припаѓа на една тенисерка.
Се работи за 19-годишната Американка Кори Гоф, актуелна шампионка на УС Опен. Според Спортико, тинејџерката од Атланта во 2023 година инкасирала 22,7 милиони долари.
Зад неа е Ига Швјонтек од Полска – првата тенисерка на Планетата. Тенисерката од Варшава заработи 21,9 милиони, а на третото место е малку неочекуваната кинеско-американска сензација во не особено популарниот спорт – скијањето во слободен стил.
Станува збор за 20-годишната Ајлин Гу, скијачка со кинеско-американско потекло родена во САД, но која настапува под кинеско знаме од 2019 година. На Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година, таа освои два златни и еден сребрен медал. Во 2023 година заработила 20 милиони долари.
Меѓу првите пет се уште две тенисерки – и двете далеку од нивните најдобри резултати на тенискиот терен – Британката Ема Радукану (16,2 милиони) и Јапонката Наоми Осака (15 милиони).
Меѓу првите десет најплатени спортистки во 2023 година беа и:
6) Арина Сабаленка – тенис (12,2 милиони долари);
7) Елена Рибакина – тенис (9,5 милиони долари);
8) Џесика Пегула – тенис (9 милиони долари);
9) Симон Бајлс – гимнастика (8,5 милиони долари);
10) Нели Корда – голф (7,9 милиони долари).