Top Sport

Тотална доминација – Канело го „здроби“ Јилдирим во три рунди

Мексиканската боксерска ѕвезда, Саул „Канело“ Алварез со стил ги одбрани двете титули во супер-средна категорија, „демонтирајќи“ го турскиот предизвикувач Авни Јилдирим во три рунди.

Канело (55-2-1, 37 КО), ги одбрани ВБЦ и ВБА  титулите во оваа категорија, откако Јилдирим падна во третата рунда, а од неговиот агол го фрлија пешкирот и побараа прекин на мечот. Иако Јилдирим беше задолжителен предивикувач, тој немаше меч речиси две години и успеа да упати еден удар во првата рудна во споредба со 16 на Канело и немаше одговор за агресивниот Мексиканец.

„Сакав голем меч и го направив тоа што ми беше потребно. Ми требаше нокаут и не е важно дали противникот е повисок, со подолги раце или со подобар тренер“, изјави Алварез.

И покрај поразот, Јилдирим, кој е ѕвезда во својата татковина, заработи одлични 2.5 милиони долари, додека заработувачката на Канело е неколку десетини милиони, што покажува дека боксот уште ја има предноста пред УФЦ и другите ММА борби кога се зборува за парите кои ги добиваат фајтерите.

Scroll to Top