Стартот на мечевите од првото коло на Вимблдон, најславниот гренд слем во тенисот, беше одложен поради дожд. Мечевите требаа да стартуваат во 12 часот на теренот број 2 и на надворешните терени, но новиот стартен термин е 14.30 часот.
Во акција требаше да бидат осмиот носител, Роберто Баутиста Агут против Австралиецот Џон Милман, петтиот носител Андреј Рубљев против Федерико Делбонис, како и 22. носител Ден Еванс против Фелисијано Лопез.
Првиот носител, Новак Ѓоковиќ ќе го стартува својот прв меч на „Централниот терен“ (каде што има покрив) во 14.30 часот, додека на Теренот број 1 (исто така со покрив), Стефанос Циципас ќе игра со Американецот Френсис Тиафоу.