Во нападот на САД и Израел врз Иран, загинаа невини девојки, меѓу кои и 20 одбојкарки.
Информацијата прво ја објави телевизискиот канал „Ал Мајадин“, повикувајќи се на локални извори, а потоа веста ја потврдија и други медиуми.
Нападот се случил во покраината Фарс, а според истите извори, меѓу жртвите има и деца кои биле во салата во времето на нападот. Првичните извештаи зборуваа за повеќе од 15 мртви, но подоцна бројот на жртви беше зголемен.
По овој повод, реагираше и Меѓународната одбојкарска федерација (FIVB), изразувајќи длабока загриженост и осудувајќи го страдањето на младите спортистки.
Во соопштението се вели дека FIVB е „шокирана и крајно загрижена од извештаите дека неколку млади одбојкарки во Иран ги загубиле животите поради влошувањето на безбедносната состојба на Блискиот Исток и поширокиот регион“.
„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и до сите погодени од оваа криза во развој“, се вели во соопштението.
Исто така, се додава дека десетици илјади членови на одбојкарската заедница во регионот се раселени и се соочуваат со неизвесна иднина.
FIVB формираше посебна работна група со цел координирање на хуманитарната помош во реално време и обезбедување на безбедноста на одбојкарите, тренерите, стручниот персонал и волонтерите лоцирани во погодената област, во соработка со владите, невладините организации и други релевантни тела.
Конечно, светската куќа на одбојката вели дека цврсто верува во важноста на соработката, дијалогот, мирот и солидарноста, со апел до меѓународната заедница да придонесе за деескалација и наоѓање мирно решение.
Foto/ depositphotos
